Карамбол во Тетово - пијан возач удрил во три паркирани возила

Синоќа околу 19.20 часот пијан возач предизвикал карамбол на булеварот „Видео Смилевски Бато“ во Тетово. 55- годишниот жител на тетовското село Сарачино со автомобил „голф“ поради неприлагодена брзина удрил во три возила што биле паркирани, „лада рива“ и два мерцедеса.

Возачот се здобил со телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, по што бил пуштен на домашно лекување.

Вкупната материјална штета што ја направил пијаниот возач се проценува на 100.000 денари.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега