Еве за што ќе одговара возачот на Туарегот кој го прегази момчето кај Католичка

Јавното обвинителство поднело кривична пријава против дваесетгодишниот Џенис Мекиќ кој пред десетина дена го прегази шеснаесетгодишниот Иван Белински, објави "Вечер".

Тој ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот, а ова го потврди и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. На Мекиќ не му е одреден притвор само затоа што тоа не е пракса за овој тип на кривични дела. 

- Можам да ви потврдам дека пријавата веќе е поднесена и возачот ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот. Истрагата почна уште во моментот кога увид на местото на незгодата изврши јавен обвинител и таа сеуште трае. На возачот не му е одреден притвор, изјави Зврлевски, пренесе Вечер.

Трагичниот настан се случи пред десетина дена, на 15 ноември околу 20 часот, на булеварот Иво Лола Рибар кога Мекиќ управувајќи џип "туарег", сопственост на негов пријател, налета на Белински кој минувал на пешачки премин. Од јачината на ударот Блински бил буквално однесен и паднал по дваесетина метри, во близина на Католичката црква. И покрај лекарските напорти тој почина неколку часа подоцна.

 

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега