Уапсен насилникот кој ги прободе двете момчиња во скопско Ново Лисиче

Полицијата вчера го привела насилникот кој минатата недела прободе две момчиња во скопско Ново Лисиче. Според информациите до кои дојде Press24 станува збор за 18 годишно момче од Скопје кое вечерта присуствувало на забава во соседената зграда. Според информациите, приведениот бил во алкохолизирана состојба и повраќал на плочникот пред зградата. Двете момчиња од скопската населба Лисиче кои џогирале во близина, пришле за да му помогнат по што тој и нанел убоди со нож, по што побегнал. 

Двете момчиња беа префрлени во болница а едното беше во критична состојба но за среќа го преживеа нападот. 

Осомничениот вчера бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил 30 дневен притвор.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега