Најмногу 3 години затвор за возачот на Таурегот кој прегази 16годишно момче кај Католичка

Јавното обвинителство поднело кривична пријава против дваесетгодишниот Џенис Мекиќ кој пред десетина дена го прегази шеснаесетгодишниот Иван Белински.

Тој ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот, а ова го потврди и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. На Мекиќ не му е одреден притвор само затоа што тоа не е пракса за овој тип на кривични дела. 

- Можам да ви потврдам дека пријавата веќе е поднесена и возачот ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот. Истрагата почна уште во моментот кога увид на местото на незгодата изврши јавен обвинител и таа сеуште трае. На возачот не му е одреден притвор, изјави Зврлевски.

За вакво дело, максималната казна која се заканува е 3 години затвор. За истото дело, во сообраќајката кај Удово од летово во која загинаа две лица, српскиот државјанин доби затворска казна од 22 месеци.

Трагичниот настан се случи пред десетина дена, на 15 ноември околу 20 часот, на булеварот Иво Лола Рибар кога Мекиќ управувајќи џип "туарег", сопственост на негов пријател, налета на Белински кој минувал на пешачки премин. Од јачината на ударот Блински бил буквално однесен и паднал по дваесетина метри, во близина на Католичката црква. И покрај лекарските напорти тој почина неколку часа подоцна.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 20:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега