Полицијата демне: Санкционирани пијани возачи кои летале на скопските улици

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед.

Се случила и незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 12 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 30 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, од нив 26 покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 56 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега