Три куќи завиени во црно - погребани жртвите и убиецот од Злетово

Во општина Пробиштип вчера знамињата беа спуштени на половина копје, а во кафулињата се пушташе само тивка музика. Општинскиот Совет прогласи Ден на жалост по тројното убиство во Злетово кое ја зави цела Македонија во црно.

Злетовчани, кои се уште се во шок, за последен пат се поздравија со Илија и Јана Михаилови и 51 годишниот Методи Димитровски, а погребан беше и професионалниот војник Драганчо Маноилов кој откако направи масакр се самоуби.

Маноилов вчера изутрина, вооружен со пoлуавтоматската службена пушка прво се обидел да го убие момчето за кое се сомневал дека е во врска со неговата поранешна сопруга. Во обид да го спаси настрада неговиот чичко. Потоа Драганчо ги уби и родителите на неговата поранешна сопруга. На крај си пресуди самиот на себе.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега