Драма во Прилеп: Ги бранел парите од „Забрането пушење“ - го расекле разбојници

Постар маж од Битола вработен во колонијалот „Забрането пушење“ во Прилеп синоќа околу 3 часот бил нападнат од маскирани разбојници. Се работи 61-годишниот Л.В. на кој разбојници кои влегле во продавничката му побарале пари, но тој им пружил отпор. Тогаш едниот разбојник со нож го расекол враотениот во пределот на главата, по што двајцата избегале без парите.

Повредениот бил пренесен во прилепската болница каде му е укажана лекарска помош.

Полицијата трага по сторителите.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега