Градежништвото двигател на економскиот раст

Градежништвото и натаму ќе биде двигател на економскиот раст - велат од градежната комора. За наредната година во градежништвото се очекува раст од 7,5 %.  Новиот претседател на градежната комора, Роберт Хот очекува по намалувањето на каматните стапки и пад на цената на становите, пренесува МРТ.

„Каматните стапки паднаа, граѓаните полесно ќе доаѓаат до кредити, очекуваме намалување на цената, меѓутоа не за некој голем процент“, изјави претседателот на Градежната комора, Роберт Хот.

Според Сојузот на стопански комори изградбата на регионална и на локална инфрастуктура ќе обезбеди непречен проток на стоки и на услуги, со што ќе има поголемо раздвижување на македонската економија. Ќе се поттикнат домашните инвеститори, а ќе се привлечат и повеќе странски инвеститори.

„Нашите компании и членови се дел од оние компании кои работат на патната локална и регионална инфраструкура и кои работат како подизведувачи на капиталните инвестиции во Република Македонија“, изјави претседателот на ССК, Данела Арсовска.

Комората очекува новите законски измени во градежништвото , кои се во собраниска процедура, да го подобрат квалитетот на домувањето.

Последниве години градежништвото континуирано го зголемува учеството во БДП. Ако во 2008-та изнесувале 4%, лани било зголемено на 7%.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега