Која е максималната казна која може да ја добие возачот на “туарегот“?

Основното јавно обвинителство - Скопје почна истрага против 20-годишниот Џенис Мекиќ од Батинци осомничен дека го прегазил со џип малолетникот Иван Билински и го усмртил кај Католичка, информира вчера обвинителството. Осомничениот се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што смртно настрадало едно лице. Но непознато е што досега утврдила истрагата, односно дали малолетникот бил на пешачкиот премин во моментот кога бил удрен, со која брзина се движел џипот ниту, пак, дали Мекиќ бил под дејство на алкохол. 

Мекиќ имал дозвола само два месеца, но не бил почетник. Според Kривичниот законик, ако биде поведено обвинение против Мекиќ и подоцна биде прогласен за виновен, може да биде осуден на казна затвор од една до пет години. Толку предвидува Законикот во член 300, став 4 за дело што е сторено од небрежност, пишува Дневник.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега