Рецепт: Карамел пита со јаболки

Наш предлог денеска за десерт да направите карамел пита со јаболки. Еве што ви е потребно:

  • 125 г путер
  • 100 г шеќер
  • Jајце
  • 250 г брашно
  • 1-2 лажици кисела павлака
  • Малку прашок за пецивоќ

За подлога: 

  • 700 г јаболка
  • 200 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • Цимет
  • Сок од 1 лимон

Приготвување:

1. Изматете го путерот пенесто, постепено додадете шеќер, цело време матејќи со миксерот, па додадете го јајцето и павлаката, и на крај со лажица сето тоа соединете го во еднолична смеса со брашното и прашокот за пециво. Тестото треба само да се одвојува од садот. Обликувајте кугла, замотајте ја во проѕирна фолија и ставете во фрижидер додека не го подготвите останатото.

2. Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки. Во тепсијата во која ќе ја печете питата ставете шеќер и рамномерно распоредете го на дното, потоа распоредете ги јаболката и нив посипете ги со цимет, ванилин-шеќер и испрскајте ги со сок од лимон. Ставете ги на загреана рингла и загревајте додека шеќерот не се стопи и карамелизира. Тргнете од оган и малку оставете да се излади.

3. Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го по димензија на тепсијата, со него прекријте ги јаболката, а краевите стиснете го со ивицата на тепсијата. Питата печете ја на 180 степени околу 20-25 минути. Извадете од рерна и неколку минути држете ја прекриена со кујнска крпа, потоа питата свртете ја на чинија за служење.

4. Питата сечете ја како торта и секое парче послужете го украсено со шеќер во прав.

Извор: Убавина и здравје 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега