Просечната нето плата во септември 21.728 денари

Просечната него плата во Македонија во септември годинава изнесувала 21.278 денари и бележи зголемување од еден отсто во однос на септември 2013 година, објави Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 7,8 отсто, Градежништвото 7 проценти и Рударството и вадење на камен за 6,6 проценти. 

Зголемување на просечната нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е  забележано во секторите  Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,5 проценти, Преработувачка индустрија за 2,4 проценти и Градежништвото за 1,8 отсто. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември годинава просечната месечна бруто-плата по вработен изнесувала 31.169 денари. 

Во септември 2014 година, 0,9 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега