„Дрекслмаер“ со фасцинантни резултати во Македонија - компанијата ќе инвестира во обуки

Македонските работници одлично си ја работат својата работа во „Дрекслмаер“.

Компанијата гледа огромен потенцијал во своите вработени и планира да инвестира во нивно дообучување.

Резултатите на „Дрекслмаер“ во Македонија, постигнати досега, се фасцинантни.

Како што изјави денеска Барбара Гербер, раководител на Секторот за практична едукација во централата на „Дрекслмаер“, од октомви 2015 година компанијата на 15 до 20 средношколци од Кавадарци ќе им понуди тригодишна стручна едукација за стекнување практично работно искуство. 

- Презадоволни сме од тоа како функционира „Дрексл маер“ во Македонија, но и од вработените. Во нив гледаме голем потенцијал за доедукација и дообразување. Од тие причини, одлучни сме да инвестираме во овој сегмент, изјави Гербер по тркалезната маса „Дуалниот систем на образование против невработеноста кај младите лица“. 

Системот што подразбира практична работа во фирми паралелно со тригодишното стручно школување, е веќе пракса во Германија. „Дрексл маер“ пред две години ваков систем воведе и во Романија. Системот функционира и во Кина, Молдавија, Тунис.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега