Не возете од кај Бит Пазар денеска!

Денеска во времето од 11 до 17 часот по повод Денот на албанското знаме на плоштадот „Скендербег" ќе се одржи културна манифестација. Околу 16 часот учесниците во манифестацијата ќе започнат да се движат по ул. „Џон Кенеди" десно по ул. „Цветан Димов" во продолжение по бул. „Крсте Мисирков" десно по бул. „Гоце Делчев" десно по ул. „Филип Втори Македонски" и лево плоштадот „Скендербег".

За време на движењето на учесниците по горенаведените сообраќајници од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, односно сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

 

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега