Карго превозот во третиот квартал поголем за 96,4 отсто

За 96,4 отсто е зголемено количеството на превезена стока во воздухопловниот превоз во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Кај железничкиот превоз има зголемување на превезената стока за 21,3 проценти, а во товарниот патен превоз за 13,2 проценти.

 Во третото тримесечје од годинава, во патниот  патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.929.000, во железничкиот 208.000, во градско-приградскиот 19.669.000, а во воздухопловниот превоз 428.284 патници.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега