Ставрески: Обезбедени 42 милиона евра за делницата Градско-Прилеп

Обезбедивме дополнителни 42 милиона евра од Европската банка за обнова и развој. Парите се веќе одобрени за изградба на делницата Градско-Прилеп, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.

Според Ставрески, изградбата на делницата Градско-Прилеп која го опфаќа најпроблематичниот дел кај Фариш и Дреновската клисура ќе почне наредната година.

- Во следните 5-6 месеци ќе трае процесот на експропријација и веднаш потоа се распишува тендер за градба. Очекувам при крајот на летото и почетокот на есента 2015 година  да почне градбата на делницата. Ќе има по две ленти во двата правци со вкупна ширина од 12 метри. Еден дел ќе биде проширување, а оној најлошиот дел ќе биде целосно нова патна делница, рече Ставрески.

Граѓаните и бизнисмените, истакна, добиваат многу и побрзо се поврзуваат со Скопје.

- Прилеп ќе биде подобро поврзан со автопатот, со Коридорот 10, а граѓаните и бизнисмените за пократко време ќе може да дојдат до Скопје, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој очекува делницата која ќе почне да се гради наредната година да биде готова за 24 месеци.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега