Турските компании се запознаа со инфраструктурните проекти

Пред компании од Асоцијацијата на млади бизнисмени ТУГИАД заинтересирани за инвестиции во Македонија се претставени инфраструктурните проекти во патната и железничката инфраструктура, гасификацијата и проектите од туризмот во државава.

Се работи за компании од градежниот сектор, хотелиерството, енергетиката и рударството, автомобилската индустрија и железничкиот сектор, пред кои за инфраструктурните проекти и најавените инвестиции во Македонија зборуваше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во посета на Турција. 

За проектите што се реализираат за подобрување на инфраструктурата во Македонија Јанакиески информирал и на средба со турскиот колега Лутви Елфан. - На средбата е договорена размена на 100 дополнителни транспортни дозволи за 2014 година  кои македонските превозници ќе можат да ги користат, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега