Меѓуетнички инцидент: Прбодено момче во училишен двор во Тетово

Ученик во трета година од тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ е повреден со остар предмет во тепачката, која денеска околу 16 часот се случила во дворот од гимназијата, каде се изведува настава на македонски јазик.

Според информациите на портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, група од надвор дошла во дворот на гимназијата и најпрво започнала расправија со дел од учениците по што започнала и тепачка помеѓу двете групи во која ученикот бил повреден со остар предмет, а повеќе други лица се здобиле со повреди од тупаници.

Повредениот бил префрлен во тетовската клиничка болница и според директорот на болницата Флорин Бесими тој имал повреда на грбот од остар предмет. Му била укажана лекарска помош и момчето се наоѓа надвор од животна опасност. По барање на семејството тоа било префрлено во Клиничкиот центар во Скопје. 

Од полицијата информираа дека веднаш по настанот биле приведени три малолетни лица за кои се сомнева дека учествувале во тепачката и со кои се разговара за рачистување на деталите. 

Во моментов трае увидот на полициските екипи во дворот на училиштето.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега