МВР сомничи петнаесетгодишно момче за напад на средношколецот од Тетово

МВР сомничи 15 годишно момче за кое се смета дека бил напаѓачот врз шеснаесетгодишниот гимназијалец на кого му нанел три убодни рани. Немилиот настан се случил вчера попладне околу 16 часот се случи во дворот од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ каде се изведува настава на македонски јазик, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

- По неговото идентификување малолетникот со неговиот родител бил повикан во Полициската станица Тетово каде било разговарано со него, а нешто подоцна во неговиот дом бил пронајден и ножот за кој се претпоставува дека го употребил во повредувањето на гимназијалецот. Полицијата ножот го пронашла во фиока од бањата по што го одзела и фотодокументирала и заедно со неговата облека што ја носел вчера ќе биде даден на вештачење. Осомничениот петнаесетгодишник ќе се соочи со соодветна кривична пријава а идентификувани се и другите учесници во тепачката, изјави Јосифовски. 

Инцидентотот се случи вчера во дворот од гимназијата околу 16 часот кога поголема група млади лица дошла од надвор и најпрво започнале вербална расправија со гимназијалците кои тоа време биле на голем одмор што брзо прераснало во тепачка во која три убоди од нож, два во грбот и еден во вратот, бил повреден ученикот во трета година од гимназијата. Тој веднаш бил префрлен во тетовската болница каде му била укажана лекарска помош и вон животна опасност по барање на семејството бил префрлен на клиниките во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега