Цветков: Се е подготвено за откуп на тутунот

Се е подготвено за почеток на откупот на тутунот од годинашната реколта, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков при по посетата на земјоделската задруга „Вегефреш“ во Куклиш.

Со оглед на врнежливата година, како што рече, се очекува производството да биде околу 28 до 30 милиони килограми.

- Министерството ги презеде сите потребни мерки за почеток и успешен откуп на тутунот. Годинава  девет фирми добија дозвола за откуп на 25 милиони килограми тутун. На средбите со откупувачите беше разгледана и можноста  за откуп на целото производство, изјави Цветков.

Во врска со исплатата на тутунот откупен од „Томи мит“, министерот изрази подготвеност средствата на производителите да им бидат исплатени од државата зашто, нагласи, следува судски процес за разрешување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега