Венизелос :Турција да ги почитува суверените права на Кипар

 

 

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос за време на посетата на Анкара ја повика Турција да ги почитува суверените права на Кипар. 

Венизелос изрази жалење што преговорите за Кипар моментално се во прекин, бидејќи суверените права на Кипар во Источно Средоземно Море се доведени во прашање, алудирајќи на присуството на турски истражувачки брод во кипарската ексклузивна економска зона. 

Грчкиот министер ја повика Турција да го почитува меѓународното и поморско право со кои е регулирана таа област, пренесуваат грчките медиуми. 

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја обвини Никозија за еднострани акции во однос на експлоатација на гас од овој дел на Средоземно Море, повикувајќи на договор со кој ќе се обезбедат интересите на двете страни. 

Венизелос, исто така, најави дека ќе се ангажира за олеснување на издавањето визи за Турци кои сакаат да ја посетат Грција.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега