Скопски дилер падна во канџите на полицијата

Дваесет и шестгодишниот скопјанец Б.Ј. заработи триесет дневен притвор откако беше уапсен во рамки на акцијата „Мрежа“, поради неовластено производсто и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Тој во текот на оваа година незаконски набавил поголема количина на марихуана и анфетамин, наркотици што во зависност од побарувачката ги препакувал во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки) и истите ги препродавал на уживатели од Скопје). Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание веднаш превзема мерки за негово приведување.

По потврдувањето на сознанието, во три одделни акции во непосредна близина од домот на Б.Ј., забележан е како остварува кратки средби со повеќе различни лица, при што на четири лица од Скопје им е извршен личен преглед и кај сите е пронајдена по една хартиена паковка марихуана. Од извршеното вештачење на одземените три паковки е констатирано дека станува збор за марихуана со вкупно тежина од 1,98 грама.

Б.Ј. во периодот 2008/2014 година е трипати кривично пријавуван за недозволен трговија со дрога и насилство, припадници на ЕНТ со Наредба од Судија на претходна постапка, извршија претрес во домот и други простории на Б.Ј., при што се пронајдени и одземени 83,25 грама марихуана, 6,36 грама амфетамин и две дигитални ваги, на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од амфетамин, кокаин и марихуана.

Б.Ј. е приведен во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде делумно дал појаснување за пронајдената наркотична дрога во неговиот дом. Инаку досега од почетокот на акцијата „Мрежа“ кривично пријавени се околу 150 нарко дилери а запленети се и приближно 515 килограми различни видови дрога. 

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега