Фирмите до утре да го известат Архивот во која форма ќе ги доставуваат документите

Компаниите најдоцна до утре до Архивот на Македонија треба да достават план на архивски знаци, листа на архивски материјали и на документарен материјал со рокови за чување.

Според последните измени на Законот за архивски материјал, односно Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот и архивски материјал во канцелариското и архивското работење, сите правни субјекти се обврзани од 1 јануари 2015 година да водат Деловодник во кој ќе ги запишуваат сите документи кои влегле и излегле во фирмата. Поради оваа обврска, до утре, компаниите ќе треба писмено да го известат Архивот за начинот на кој ќе ги заведуваат документите. 

Освен фирмите, оваа обврска ја имаат и државните органи, институции, јавни установи и служби, јавни претпријатија, општините и Градот Скопје, правните и физичките лица што вршат јавни овластувања, како и приватни, правни и физички лица што самостојно вршат дејност.

Материјалите може да се донесат во Архивот или да се пратат електронски и по пошта. 

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега