Започна пошумувањето во општина Кисела Вода

Во пресрет на овогодинешниот ден на дрвото кој ќе се одржи на 3 декември, општина Кисела Вода, започна со пошумување на својата територија. Во текот на изминатата седмица, 2500 зимзелени дрвца беа засадени во сите училишта, градинки, месни и урбани заедници.

Општина Кисела Вода би сакала да ги информира своите жители, кои секогаш масовно излегуваат на оваа традиционална акција, дека и оваа година, за Денот на дрвото е организиран бесплатен превоз до населеното место Миладиновци, каде ќе се одвива централниот настан.

Имено, во среда, од пред салата Расадник, автобусите ќе тргнат во 9 часот и во 11 часот.

Во 9 часот и во 11 часот, ќе има автобуси и во Драчево, кај Паркот на бранителите, спроти поштата.

За сите ученици во основните и средните училишта, поаѓањето е закажано во 9 часот и 30 минути, пред секое од училиштата.

 

 Претстојната акција „Ден на дрвото есен 2014“, годинава се одвива под мотото „Стоп за катастрофите“. Поради нејзиното спроведување, 3-ти декември, среда, ќе биде неработен ден за сите граѓаните на Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега