Повреденото дете од сообраќајката кај Велес се бори за живот- уште еден повреден пренесен во болница

Поради здравствени симптоми на кои се пожалил ноќеска уште еден од повредените во вчерашната сообраќајна несреќа на влезот на Велес е пренесен на Торакална хирургија. Дежурниот лекар на хирушкото одделение д-р Љупчо Леов вели дека по прегледите кои му биле извршени, ренгенски и снимања на компјутерска томографија, пациентот им рекол дека исплукал крв, објави Канал 5.

„Веднаш го транспортиравме на скопската клиника поради дополнителните прегледи и снимања што треба да бидат направени,“ рече д-р Леов.

Се следи и здравствената состојба и на останатите двајца повредени велешани кои се лекуваат во велешката болница. Денеска ќе им бидат направени дополнителни снимања. Назначена е компјутерска томографија на глава и врат на еден од нив, реле д-р Леов.

Најтешко повредениот учесник во несреќата, седумгодишното дете кое е брат на еден од мажите што се возеле во комбето „фолцваген шаран“ се бори за живот на скопскиот Ургентен центар. Полицијата и Јавен обвинител, по извршениот увид, ќе утврдуваат што се случило и ја предизвикало несреќата во која возилото излета од патот под Спомен костурницата на земјениот брег и падна дваесеттина метри долу  на кружниот тек на влезот на Велес.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега