Хаос на скопските улици: Викендов 30 сообраќајки

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 30 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 28 ноември, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден возач на товарно моторно возило и еден патник во автобус. Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист, а со телесни повреди се здобил еден сопатник во патничко моторно возило.

Во сабота, на 29 ноември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден велосипедист.

Се случиле и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден пешак.

Во недела, 30 ноември, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден возач на трицикл.

Денеска во официјалната посета на Република Македонија ќе пристигне заменик-претседателот на Социјалистичка Република Виетнам кој ќе пристигне во попладневни часови, околу 16 часот и 30 минути, на граничниот премин Деве Баир од каде ќе се упати према Скопје. За време на движењето на колоната возила под придружба низ сообраќајниците на Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници да бидат трпеливи, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот. 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега