Меѓународна акција против трговија со луѓе, претреси и во БиХ

 

 

Припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ по налог на босанското Обвинителство извршија претрес на неколку објекти во Сански Мост, во текот на меѓународната акција која се спроведува истовремено во Германија и Австрија поради трговија со луѓе.  

Истрагата е насочена против група турски државјани кои се осомничени за трговија со луѓе и меѓународна мрежа за проституција.

Германскиот весник „Билд“ објави дека во Германија се уапсени најмалку пет лица, нагласувајќи дека во Штутгарт биле претресени неколку елитни бордели.

Во акцијата во неколку германски покраини учествуваат најмалку 800 полицајци, чија цел е да откријат меѓународен синџир на организиран криминал, поврзан со трговија на луѓе поради проституција

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега