Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври годинава во однос на  истиот период лани е зголемен за 7,9 проценти. Во  октомври годинава во однос октомври минатата година бројот на работници е зголемен за 9,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемување  на бројот на работници за 11,6 проценти во октомври има во секторот „преработувачка индустрија“ и за 1,6 проценти во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, а опаѓање за 4 проценти во секторот „рударство и вадење камен“. 

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 6,8 проценти, „капитални производи“ за 114,1 процент, „трајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти, а опаѓање бележи кај „енергија“ за 5 проценти. 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега