Во кој сектор има најмногу слободни работни места во Македонија?

Во третото тримесечје од годинава во Македонија има вкупно 6.973 слободни работни места од кои најмногу или 2.533 се во секторот на преработувачката индустрија по што следи трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.135 и транспорт и складирање со 885 слободни работни места.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмалку слободни работни места, само пет, во третото тримесечје од 2014 година има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

Најмногу од слободните работни места 2.278 се во деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49, по што следат субјектите со 50 до 249 вработени каде има 2.060 слободни работни места, во компаниите со 3 до 9 вработени слободни се 1.347, а во оние со над 250 врааботени 1.289 работни места.

Од слободните работни места најмногу или 2.879 се во Скопскиот регион по кој следат Пелагонискиот со 956 и Вардарскиот со 710 слободни работни места.

Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба 1.871, а најмалку само 35 во секторот стручни работници во земјоделство, шумарство, рибарство и лов, јавува Статистика.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега