Пратениците изгласаа: Од денеса повисоки минимални плати

На  24-тата седница на Собранието на Република Македонија која се оджува денес пратениците го изгласаа Предлог законот за минимална плата. Измените и дополнувањата кои ги изгласаа пратениците се однесуваа на зголемувањето на минималната плата.

denari 0111101

Со Предлог законот се зголеми минималната плата од 8050 денари колку што изнесувше досега, на 8800 денари. Исто така, со овие измени се донесе и континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година така што, во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9 590 денери,  додека во 2016 година минималната плата треба да изнесува 10 080 денари.

Изменетиот Закон за минимална плата треба да стапи во сила од 1 јануари 2015 година. Овој закон, како што веќе најавија пратениците се ичекува да реши голем број на егзистенционални прашања, но исто така и ќе ги обврзи работодавачите да исплаќаат пофолеми плати односно најниска плата предвидена со закон.

Имено овој Предлог закон ги  заостри  санкциите во случај на неисплаќање на минималната плата од страна на работодавачот која ќе изнесува 8800 денари. Доколку Државниот инспектор за труд утврди дека работникот добил износ помал од законски предвидениот, должен е да го опомене работодавачот да ја исплати минималната плата во рок од 7 дена, а доколку и тоа и не случи, да му изрече глоба на работодавачот во висина од 8 000 до 9 000 евра.

Овие измени се носат со предходни консултации со стопанската комора и истите предходно беа поздравени од страна на граѓаните како еден позитивен чекор кон подобрување на животниот стандард.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега