Шест нови инвестиции во Илинден - 170 нови работни места

Нови инвестиции на шест градежни парцели во локалните економски зони во општина Илинден, се реализираат со ноемврискиот циклус на електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште. Шест нови инвестиции влегоа во Општина Илинден, од кои едната е странска директна инвестиција (СДИ).

Станува збор за инвестиции чијашто вкупна вредност  инвеститорите ја проценуваат на 5 милиони евра, и отворање на нови 170 слободни работни места, на вкупна површина од 43.000 метри квадратни за градба на стопанските објекти.

Компанија „Магрони“ ќе гради деловен центар и логистичко-дистрибутивен центар за пијалоци. Вкупната инвестиција изнесува 2.300.000 евра, со што ќе бидат отворени нови 50 слободни работни места.

Компанијата „Палкомак“ купи две парцели на кои ќе гради магацинско дистрибутивен центар за суровини во областа на  преханбената индустрија и деловен простор. Вкупната инвестиција е проценета на 1.200.000 евра, и ќе овозможи вработување на околу 50 лица.

Компанијата „Агрома“ се стекна со сопственост на две градежни парцели на кои ќе гради погон за производство и дистрибуција на репроматријали за преханбена индустрија. Вкупната инвестиција се проценува на  1.000.000 евра, со што ќе се создадат услови за 50 нови вработувања.

Компанијата „Конико“ ќе гради магацинско дистрибутивен центар за хардверска опрема и информатичко-комуникациска технологија. Вкупната вредност на инвестицијата е проценета на 500 000 евра, и ќе креира нови 20 работни места.

Ноемврискиот инвестициски циклус претставува производ и плод на спроведување и реализација на реален и ефективен концепт за овозможување поволни услови за влез на инвестиции во Општина Илинден, и значително ќе придонесе за локалниот економски одржлив развој, и регионалниот развој, велат од oпштината.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега