Холандски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Најголемиот производител на печурки од Холандија и неколку компании од металната индустрија кои произведуваат шасии, се заинтересирани за инвестиции во Македонија.

Ова му е предочено на заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски по бизнис средбите со претставници на петнаесет холандски фирми од различни сектори меѓу кои хортикултура, земјоделство, логистика и металургија.

- Како резултат на овие бизнис средби очекуваме во наредниот период неколку посети на компании од Холандија во Македонија, соопшти Агенцијата за странски инвестиции.

За време на престојот во Холандија, Шекеровски посети осум града.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега