Јанакиески: Ќе се подобрува регулативата за енергетска ефикасност

Преку законски измени надлежните институции планираат да ја подобрат регулативата за опфатот на градбите со обврските за енергетска ефикасност.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, со последните измени на Законот за градење се врши усогласување со Законот за енергетика за обврската за енергетска ефикасност што моментно се однесува на сите објекти, но од пратениците има сугестии за подобрување на регулативата. 

- Како Влада ги предлагаме законите, а потоа пратениците дискутираат и можат  да предложат амандмани во Собранието. Веќе со дел од пратениците во Комисијата за транспорт и врски продискутиравме и има некои размислувања за подобрување на законската регулатива, изјави денеска Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање во тек на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина

Сепак, истакнува Јанакиески, овој закон е во нацрт  така што има доста простор да се поправи доколку пратениците оценат така.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега