Дрвца засадија и пратениците од на ВМРО-ДПМНЕ

Во Македонија денес започна 14-тата по ред акција за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, на која се очекува да бидат засадени над пет милиони дрвца низ целата територија на Република Македонија.Со оваа акција која се одвива под мотото „Стоп за катастрофите“  ќе се пошумуваат голите и опожарените предели низ сите општини во државата.

 

На оваа голема акција за пошумување се приклучија и свој придонес дадоа и пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Голем број на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ овој неработен ден, заедно со граѓаните го искористија да засадат по неколку дрвца токму во општините од каде што доаѓаат односно од каде што се избрани.

Свој придонес во оваа голема акција дадоа многу пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со кои беа опфатени речиси сите локации, рурални и урбани, каде што беше предвидено пошумувањето.

Покрај секојдневните обврски и активности кои пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат во Собранието на Република Македонија, како и теренските активности на пратениците преку секојдневна комуникација и средби со граѓаните, оваа нивна активност е уште една од низата активности кои овој пратенички состав ги реализира во последниов период.

 

Инаку, досега во оваа масовна акција за пошумување на различни локации покрај пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија и засадија дрвца и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, министрите Зоран Ставревски, Гордана јанкуловска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како и огромен број на граѓани кои ја искористија оваа можност да дадат свој придонес во масовната акција за пошумување на голите и опожарените предели низ Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега