Пијани возачи на скопските улици - полицијата немилосрдна

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција во Скопје откриени и санкционирани се 17 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Санкционирани се и тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и двајца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена, од страна на сообраќајната полиција, отстранети се 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега