ЕВН ќе го презентира својот „Мастерплан“

Денеска ЕВН организира презентација на „Мастерплан“- инвестициска програма на компанијата за следните 20 години.

На презентацијата свои обраќања ќе имаат претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст, претставниците на ЕВН Австрија и на ЕВН Македонија, Едвин Лицар и Оливер Мирчевски, како и претставниците на Владата на Република Македонија заменик-претседателот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сарачини.