ДПА бара да биде повлечен предлогот за нов државен грб

ДПА денеска ја обвини ДУИ дека предлогот за промена на државниот грб е целосно едноетнички симбол.

- Наметнувањето на еден таков симбол за државен грб секако не придонесува позитивно во држава каде што етничкиот состав и реалноста е различно од тоа што го прикажува грбот, предложен од страна на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, истакна на прес-конференција пратеникот на ДПА Беким Фазлиу.

Побара од Владата да го повлече овој предлог од процедура и, како што рече Фазлиу, да се отвори вистински диалог, со цел изнаоѓање на друго решение за државен грб, кој ќе ги содржи специфичностите и барањата на двете најголеми заедници во државата.

- Со жалење констатираме дека ДУИ како последица од 153 илјади гласови, го има и Бадентеровото мнозинство, кое е потребно за носење на новиот грб и ние како ДПА сме немоќни да го спречиме неговото донесување, додаде Фазлиу.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега