Бомба во Тетово, бомба во Куманово - дали следи бомбата на Заев?

Експлозија во Тетово, експлозија во Куманово. Дали дојде вистинското реме и за бомбата на опозицискиот лидер Зоран Заев. 
По вчерашните детонации во близина а полициските станици во Куманово и Тетово, јавноста се прашува, дали дојде вистинското време за бомбата која веќе неколку месеци ја најавува опозицискиот лидер Зоран Заев.

Тој неодамна изјавидека „бомбата“ содржи сензитивни информации кои ќе ја дестабилизираат Македонија

„СДСМ и опозицијата имаат капацитет да направат систематска и прецизна, цела документација на аргументи. Во моментот кога се ќе се обзнани, за три дена власта ќе треба да замине, но за жал честа на Македонија ќе биде повредена и лично верувам дека ќе допре до сензибилитетот на меѓуетничките односи. Доказите и аргументите што ги имаме, во многу соодветно време ќе бидат објавени, затоа што јавноста мора да ги знае и се надеваме дека тоа ќе биде најбезболниот начин за нашата Македонија. Мојата верба во доказите и аргументите кои потврдуваат дека нема слобода и демократија во Македонија е толку голема, што го става во залог мојот политички и кредибилитетот на целото раководство на СДСМ. Ако не успееме, тогаш не заслужуваме да ја водиме опозицијата“, дециден беше Заев.

Откако ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати го повика Заев да го објави она што го има, од СДСМ излегоа со став дека „бомбата“ ќе „пукне“ согласно партиската стратегија.
„Сите аргументи и докази СДСМ ќе ги објави согласно стратегијата на партијата, а граѓаните имаат право да ја знаат вистината за начинот на владеење на Груевски“ - стоеше во соопштението на СДСМ објавено пред неколку дена. 

Дали двете „бомби“ во билзина на полициските станици се вистински момент да „експлодира“ и „бомбата“ на Заев која според најавите во СДСМ ќе ја дестабилизира Македонија останува непознато. Од СДСМ нема конкретна информација дали и кога ќе ги објават материјалите кои тврдат дека ги поседуваат.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега