Во октомври 241 одобрение за градење

Во октомври годинава се издадени 241 одобрение за градење, што е за 63,9 проценти повеќе во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.  

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.302.972.000 денари, за 29,4 проценти повеќе споредено со октомври минатата година. 

Издадени се одобренија за градење за 169 објекти од високоградба (70,1 процент), 26 (10,8 проценти) од нискоградба и 46 (19,1 процент) за објекти за реконструкција. 

Од вкупно 241 објект, на 176 (73 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 објекти (27 проценти) инвеститори се деловни субјекти. 

Најмногу одобренија за градење, 69, се издадени во Скопскиот регион, во општините Илинден, Карпош и Центар, по што следи  Полошкиот регион со 59 одобренија,  најмногу во Теарце, Брвеница, Желино и Тетово. Во Источниот регион има 30 одобренија за градење, во Југозападниот 23, во Југоисточниот и Пелагонискиот по 29. Најмалку одобренија во октомври се издадени во Вардарскиот регион, вкупно 11, односно по три  во Велес, Кавадарци и Неготино и 2 во Свети Николе. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 485 станови со вкупна корисна површина од 39.498  метри квадратни. Најмногу станови, 294, според одобренијата, е предвидено да се градат во Скопскиот регион, во општините Аеродром (185), Карпош (74) Илинден (13)... Во Југозападниот регион е предвидена изградба на 74 стана, 52 во Полошкиот, 24 во Пелагонискиот,, 20 во Источниот.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега