Во прометот на големо - најголемо учеството на горивата

Прометот во трговијата на големо во текот на минатата година изнесува 147.241.830 илјади денари, додека во трговијата на мало прометот изнесува 125.173.188 илјади денари, објави Државниот завод за статистика.

Најголем промет на големо од 37,1 отсто е остварен во групата „Трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи“, потоа во групата „Трговија на големо со фармацевтски производи“ која учествува со 12,1 отсто, во групата „Трговија на големо со шеќер, чоколада и зашеќерени производи“ 3,1 отсто, во групата „Tрговија на големо со други прехранбени производи неспомнати на друго место“ со 2,8 отсто, во групата „Трговија на големо со алкохолни пијалаци“ 2,7 отсто, во групата „Трговија на големо со месо“ 2,6 отсто, во групата „Tрговија на големо со месни производи“ 2,6 отсто, во групата „Трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема“ 2,4 отсто. 

Според производи поголем промет е остварен кај гасните масла, пури, цигарилоси, цигари од тутун и замена за тутун, делови и прибор за друмски моторни возила, компјутерски машини и нивни делови и прибор, мобилни телефони, пиво...

Кај трговијата на мало по групи на производи, најголем промет од 25,8 отсто е остварен во групата „Трговија на мало со автомобилски горива и мазива“, потоа во групата „Други на друго место во номенклатурата неспоменати производи“ 11,3 отсто, во групата „Трговија на мало со козметички и тоалетни производи“ 4,1 отсто, во групата „Трговија на мало со аудио и видеоопрема и телекомуникациска и информатичка опрема“ 3,9 отсто, во групата „Трговија на мало со млечни производи“ 3,7 отсто, во групата „Трговија на мало со тутунски производи“ 3,7 отсто, во групата „Трговија на мало со пекарски производи“ 3,6 отсто, во групата „Трговија на мало со овошје и зеленчук“ 3,2 проценти...

Поголем промет е остварен кај пурите, цигарилоси и цигари од тутун и замена за тутун, надворешни гуми, пневматски гуми за моторни возила, бои и лакови врз база на  полимери, делови и прибор за друмски моторни возила, печатени весници, печатени книги, моторен бензин, компјутерски машини и нивни делови и прибор и други производи.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега