Македонско-турски бизнис форум

Воспоставување деловни контакти меѓу македонски и турски компании е целта на македонско-турскиот бизнис форум што денеска се одржува во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на индустријалци и бизнисмени од Досемеалти - DÖSİАD на Анталија, Турција.

Регионот на Досемеалти е познат по производство и преработка на руди и мермер, репроматеријали за градежништво, производство на хемиски материјали и текстил, а особено се познати по Досемеалти - номадските теписи, производство на хемиски супстанци за базени и бањи, метална индустријата и др.

Планирано е да се одржат билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори металната индустрија, текстилната (репроматеријали - суровини), производството и преработката на мермер, градежништвото, дизајнот, архитектурата, автоиндустријата, прехранбено-земјоделскиот сектор транспортот, консалтинг услугите, медицинтаа, трговијата, туризамот и друго. 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега