Поголема безбедност за учесниците во сообраќајот - нов мост во Илинден

Општина Илинден почна со изградба на нов бетонски мост на улица „6“ во населеното место Кадино. Мостот се гради на местото на постоечкиот стар, дотраен и руиниран мост, кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.

Новиот мост ќе биде долг 8 метри, со широчина од исто така 8 метри, од кои 6 метри е коловозна површина, и по 1 метар тротоари од двете страни.

Новиот мост ќе обезбеди поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, посебно за пешаците кои во голем број секојдневно минуваат по овој мост.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега