Убавините на Охрид претставени во Чешка, Шведска и Црна Гора

Атрактивноста на Охрид како туристичка дестинација е претставена во посебни патеписни репортажи во специјализирани списанија и магазини за туризам „Тravel trade Gazette“ во Чешката Република, „Lysekilsposten“ во Шведска и во последното издание на црногорскиот „Кафе Монтенегро”, пренесуава МИА.

Според охридската локална самоуправа, објавените репортажи се резултат на успешната промоција на туристичката понуда на Охрид што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со значајни медиуми и личности, но и активностите на дипломатските претставници во овие земји.

„Тravel trade Gazette“ е едно од најчитаните списанија за туризам во Република Чешка, кое се издава повеќе од 50 години. Во него се промовирани светски познати дестинации, а магазинот соработува со реномирани светски туристички агенции. “ТТG” Чешка е дел од светската мрежа медиуми кои се занимаваат со туризмот, а свои изданија има во Велика Британија и Ирска, Унгарија, Италија, Полска, Русија, Азија итн.

Низ живописна и емотивна репортажа Охрид е презентиран и во шведскиот печатен медиум „Lysekilsposten“. Репортажата е објавена од страна на ЛАрс Мелкерсон кој летово престојуваше во Охрид.

На инцијатива на македонската Амбасада во Подгорица, во летниот период во Охрид престојуваше и новинарска екипа од  туристичкиот магазин „Кафе Монтенегро”, каде неодамна е објавена и репортажа за туристичките потенцијали и капацитети на град Охрид. Инаку, списанието „Кафе Монтенегро” излегува месечно во тираж од 30 илјади примероци.

Природните убавини како и богатото културно-историско наследство на Македонија и на Охрид неодамна беа претставени и на Меѓународниот саем за туризам што од 4 до 7 овој месец се одржуваше во турскиот град Измир.

Притоа биле остварени средби со претставници на поголемите тур-оператори во Турција, кои веќе на својата понуда имаат кружни тури во кои е вклучена Македонија, а биле запознаени со поддршката што Македонија ја дава во вид на субвенции за спроведување организиран туристички промет во земјата.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега