Исплатени 62,5 милиони денари субвенции на тутунарите

Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари.

- Станува збор за откупен тутун од кооперанти од сите откупни центри во период од 26 февруари до 15 март, односно периодот кога исплатата на субвенциите беше запрена поради одредбите во Изборниот законик, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, се додава, остануваат посветени на поддршка на земјоделството како носечка гранка во македонското стопанство. 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега