Крадците направија парче во училиштата

Крадците не мируваат, ограбени се две училишта во Скопје. Во периодот од 01 до 05.12 годинава во ОУ „Рајко Жинзифов“, засега  непознат сторител насилно извршил тешка кражба при што од кабинетот по математика одзел 20 лап топ компјутери. 

Исто така, во вториот случај, на 10.12. во полициската станица Кисела Вода е пријавено дека во ОУ „Драга Стојанова“ во селото Патишка Река, од страна на непознат сторител со употреба на погоден алат од една од училниците е одземен монитор, тастатура и куќиште.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот. 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега