Го расекле со мачета - голема тепачка меѓу две семејства во Охрид

Охриѓанец бил расечен со мачета на стомакот, левата рака и левиот образ во тепачка што се случила во среда вечер во Охрид, соопшти СВР Охрид.

Повредениот се здобил со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на В.К. на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид.  Настанот се случил околу 01 часот и 30 минути кога сега повредениот А.Р.( 30) од Охрид заедно со неговата сопруга пристигнале во домот на нивниот пријател В.К.

Тука В.К. на сопругата на сега повредениот А.Р. и дал бела хартија во која имало бела прашкаста материја на што реагирал А.Р и го оттурнал В.К. по што настанала вербална меѓусебна расправија. Во обидот да си заминат од куќата, при слегување по скалите, В.К. со мачета со должина од 40 сантиметри замавнал неколку пати кон А.Р.  и му ги нанел повредите.

СВР Охри го приведе В.К. по што во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.   

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега