НОВИ ДЕТАЛИ: Загинатиот кај Кукуш е Грк - Македонецот се враќа дома жив и здрав

Грчките медиуми објавија нови информации за сообраќајката која ја потресе Македонија. Лицето кое загинало во излетаниот автомобил кај Кукуш всушност било грчки државјанин. Тој се возел со возило кое го управувал македонски таксист, јави Канал 5.

Македонецот е жив и здрав, тој бил сослушан од грчката полиција и бил пуштен да се врати во Македонија. Возилото со македонски регистерски таблички излетало во канал заради лошите временски услови на патот и надојдените води, по што таксистот успеал да се извлече и да побара помош.

Според информациите на Канал 5, таксистот работел за кочанска такси компанија и превезувал патник од Грција. Грчкиот државјанин е втора жртва на поплавите во регионот на северна Грција.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега