Украдени моштите на Света Параскева од манастир во кичевско

Тешка кражба во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ се случила вчера во раните утрински часови. Засега непознат сторител украл три сребрени крста и моштите на Света Параскева. 

Иако во манастирот живее само една монахиња, сепак, не успеала да ја спречи кражбата.  Тешката кражба во манастирот била извршена околу два часот ноќеска откако претходно насилно и со подесен алат биле скршени цилиндарот од металната решеткаста врата и резето од помошната просторија.

Крадецот потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот, а на ист начин ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот, од каде ги украл трите крста и другите предмети по што преку малата црква „Св.Никола“, која е составен дел од манастирот, избегал, пренесува Нова Македонија.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега