Во Велешко почна откупот на тутунот

„Алијанса“ и „Сокомак“ денеска почнаа да откупуваат тутун. Договрените количини се преземаат и на пунктовите во Чашка, Лозово, Градско и Бузалково каде што има најголем број производители.
 
Според земјоделците, годинава поради честите врнежи квалитетот на тутунот е намален. Очекуваат во просек да добијат по 110 денари за килограм.
 
Подрачната единица на Министерството за земјоделство очекува откуп на околу 1.600 тони тутун.
 
Во Велес, Градско и Чашка повеќе од 2.000 тутунопроизводители годинава засадија тутун на околу 970 хектари и склучија договори со неколку откупни претпријатија.
 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега