Притвор за оџата од Велес - еве што направил

Оџата од велешка „Црна џамија“, Несим Демири заработи кривична пријава за криумчарење на мигранти откако завчера полицијата во неговото возило марка „Мерцедес“ открила четворица државјани на Сирија кои илегално влегле во Македонија.

Според податоците, оџата Сиријците ги превезувал кон Србија, а бил сопрен од страна на полицијата на автопатот Гевгелија - Скопје, во близина на тунелите кај Демир Капија. 

Инаку, за  Несим Демири се говореше дека бил припадник на радикалниот ислам како образуван кадар во Саудиска Арабија. Овие информации беа особено актуелни пред две години кога тој избега во Германија а верници од џамијата велеа дека со себе однел и пари собрани во верскиот објект. 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега