Фатен прилепчанец кој направил голем грев

Кривична пријава е поднесена против 24-годишниот прилепчанец Џ.А. кој се обидел да изврши кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Свети Никола“ во селото Долно Дивјаци, општина Крушево и извршил „тешка кражба“ во црквата „Св.Димитрија“ во селото Горно Дивјаци.

Пријавениот, отишол во црквата “Св.Никола“ во Долно Дивјаци, крушевско и најпрвин со погоден алат го скршил цилиндерот од бравата од металната врата од трпезаријата, која е поврзана со селската црква, а потоа зел еден копач од просторијата за алати до трпезаријата и со употреба на сила ја отворил дрвената влезна врата од црквата, извршил пребарување во олтарот и во внатрешноста од црквата, но најверојатно не одзел икони или други предмети од истата, информираат од полицијата.

Истиот ден Џ.А во соседното село Горно Дивјаци, во црквата „Св.Димитрија“ извршил тешка кражба на начин што со употреба на погоден алат делувал на прозорецот од црквата, влегол во внатрешноста на објектот и одзел две стари дрвени икони.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега